Наезда на скакулци врз главниот град на Мадагаскар, Антананариво во четвртокот предизвикала сообраќаен метеж. Небото било исполнето со инсекти кои ја напаѓаат оваа африканска нација веќе повеќе од две години.
Овие наезди започнале во април 2012 година, заради што властите на Мадагаскар морале да прогласат состојба на национална катастрофа. Оттогаш овој проблем опстојува.
Во септември минатата година во оваа островска држава најавен е тригодишен план на итна помош затоа што скакулците ја загрозуваат и храната наменета за 13 милиони луѓе, или 60 отсто од населението на Мадагаскар.
Од ФАО изјавиле дека скакулците биле привлечени од невообичаено високите температури.