Џуди Браун (47) се пријавила во болница во Масачусец, кога почувствувала силни болки во стомакот, претпоставувајќи дека станува збор за камен во бубрегот.
По прегледот, лекарот и соопштил дека не станува збор за камен во бубрег, туку дека таа е бремена. А само еден час по прегледот жената родила здраво девојче.
Ова е нејзино прво дете.
-Во брак сме 22 години, а ни на крај памет не ми падна дека можеби сум трудна, вели таа,
Педијатарот во болницата објаснил дека ова се ретки случаи, но дека сепак се случуваат.