Лицето кое го снимило видеото вози скутер по патеката снимајќи ја околината. Одненадеж „Големостапало“ ја преминува патеката од левата на десната страна, додека во рацете држело нешто што личи на стап. Интригантниот привид ни покажува дека непознатиот возач се исплашил, веднаш скокнал во грмушките, го завртил моторот и побегнал во спротивен правец. Бидејќи на видеото кое го гледале близу 100 илјади корисници на интернет се слуша бучава од моторот не се знае дали монструозното суштество кое наликува на мајмун произведува било каков звук.
Многумина кои го виделе видеото уверени се дека навистина станува збор за „Големо Стапало“.
– Фантастична е реакцијата на лицето кое го вози моторот. Очигледно е дека се преплашил. Кој би реагирал така доколку станува збор за измама? – напишал еден од гледачите на видеото.
Друг коментира вака: – Таквата глетка и мене би ме преплашила и би ме натерала да удрам во дрво.
Бигфут е името на мистериозното суштество кое наликува на мајмун за кое некои веруваат дека живее во шума во пацифичкиот регион на Северна Америка.
Научниците не го признаваат неговото постоење. Сметаат дека станува збор за комбинација на легенда, погрешна идентификација и измама.