Видео: МВР со детали – Терористичката група од Куманово планирала бомбашки напади на витални објекти


Тројца кумановци, повратници на ИСИС подготвувале терористички напад на витални објекти во земјава.

Во акција на МВР и АНБ уапсени се и тројцата. При претрес на нивните домови и други локации во Скопје и кумановско, полицијата пронашла поголемо количество на оружје.

Во акцијата се запленети се автоматски пушки, пушкомитралез но и големо количество куршуми. При апсење на осомничените се пронајдени и два појаси со експлозив, метални кугли монтирани на картонска подлога и две запалки од рачна бомба за активирање на појасите.

,,На почетокот на 2019 година, А.Б. создал терористичка, злосторничка организација во која членуваат В.А., Е.Љ. и уште неколку лица и заедно формирале злосторничка организација „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера на изведување на терористички акт на цели на територија на Република Македонија, соопшти МВР,

Осомничените се на возраст од 22 до 28 години. Водачот на групата најверојатно е повратник од Сирија. Претходно се осудени и издржале затворски казни за учество во странски паравоени формации.

Обвинителството ги сомничи за тероризам и терористичка организација а скопскиот кривичен суд им определи 30 дневен притвор.

Во акцијата се запленети пет автоматски пушки, пушкомитралез, 18 рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми, рамка со 15 куршуми, три дрвени кундаци, дрвен кундак со механизам за испалување, три гранати за рачен фрлач со напис RD 40мм, пет запалки за гранати за рачен фрлач со осигурачи, две маскирни капи, две поткапи црна и сива боја, два пара маскирни ракавици, два тактички елеци, четири тактички елеци со маскирна боја, знаме со испишани арапски букви (ИСИС) и марама со испишани арапски букви. При апсење на осомничените се пронајдени и два појаси со експлозив, метални кугли монтирани на картонска подлога и две запалки од рачна бомба за активирање на појасите, две направи со жици од разна дебелина, две радиостаници, осигурач за експлозивна направа, лап-топ компјутер, девет мобилни телефони, пет СИМ картички, електронски уред со објектив, две USB-а, футрола за пиштол, маскирна облека, два ножа, две футроли за ножеви, ПМВ Ауди А-3…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1