Пукање се слушало на улиците на Брисел, а забележан е и чад. По полициската рација, белгиската терористичка единица потврдила за Си – Ен- Ен дека Салах Абдесалам (26), мозок на операцијата на нападот на Париз е фатен за време на таа акција и дека во таа прилика бил ранет.
Белгиски медиуми претходно пренесоа дека денеска еден човек е ранет за време на полициска акција во бриселската населба Моленбек.
Полицијата засега не ги коментираше наводите на медиумите во Белгија.
Белгиското федерално обвинителство потврди денеска дека во бриселски стан полицијата пронашла отисоци од Салах Абдеслам.