ВИДЕО: Најбараниот терорист во светот фатен, ранет во пукање во Брисел


Пукање се слушало на улиците на Брисел, а забележан е и чад. По полициската рација, белгиската терористичка единица потврдила за Си – Ен- Ен дека Салах Абдесалам (26), мозок на операцијата на нападот на Париз е фатен за време на таа акција и дека во таа прилика бил ранет.isis1

Белгиски медиуми претходно пренесоа дека денеска еден човек е ранет за време на полициска акција во бриселската населба Моленбек.

Полицијата засега не ги коментираше наводите на медиумите во Белгија.

Белгиското федерално обвинителство потврди денеска дека во бриселски стан полицијата пронашла отисоци од Салах Абдеслам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1