Грузиските научници на археолошкото наоѓалиште во близина на Тбилиси во 2009 година пронајдоа черепи кои ги нарекоа Дманиси хоминис, а нивната старост се проценува на околу 1,8 милиони години.
Ова се досега најстарите остатоци најдени надвор од Африка. Ова откритие доведува до сомнение дека треба цела досегашна теорија за еволуција да се менува и дека Африка можеби не е единствената колевка на човештвото.
Досега се сметаше дека првите хоминиди кои ја напушиле Африка биле припаднци на видот Хомо еректус кои веќе изработувале софистицирано камено оружје. Но, со анализата на черепите и останатите остатоци од Грузија се покажало дека и тие припаѓаат на Хомо еректус, а не на посебен вид.
Научниците сметаат дека најдените остатоци се првите облици на Хомо еректус, наши предоци кои имале пропорции на телото слични на модерниот човек.
Сметаме дека Хомо еректус мигрирал и во Азија, а не живеел само во Африка, најдените черепи не се иселеници од африка или пак тука дошле многу многу порано отколку што се мислепе дека предците од африка го напуштиле континентот, изјавил Christoph Zollikofer од универзитетот во Цирих чии тим дојде до ова ново откритие.
До откритието дошле споредувајќи ги черепите пронајдени во Грузија со черепите најдени во Африка и Азија. Научниците заклучиле дека нема голема разлика, како и дека Днамиси хоминид е всушност варијанта на Хомо еректус.
Ако научниците се во право значи дека еволуциското стебло мора да биде ревидирано, како и да се избришат имињата како Хомо рудолфенсис, Хомо гаутенгенсис, Хомо ергастер, како и Хомо хабилис.
Дманиси хоминидите имале релативно мал мозок, отприлика третина од мозокот на денешниот човек. Но, покрај тоа можеле да изработуваат разни орудија, а имале и социјални и когнитивни вештини.