Видео: Најдени черепи ја менуваат цела историјата на човештвото


6212e27b470d178902fd8066264e39498ebbe716

Грузиските научници на археолошкото наоѓалиште во близина на Тбилиси во 2009 година пронајдоа черепи кои ги нарекоа Дманиси хоминис, а нивната старост се проценува на околу 1,8 милиони години.

Ова се досега најстарите остатоци најдени надвор од Африка. Ова откритие доведува до сомнение дека треба цела досегашна теорија за еволуција да се менува и дека Африка можеби не е единствената колевка на човештвото.

Досега се сметаше дека првите хоминиди кои ја напушиле Африка биле припаднци на видот Хомо еректус кои веќе изработувале софистицирано камено оружје. Но, со анализата на черепите и останатите остатоци од Грузија се покажало дека и тие припаѓаат на Хомо еректус, а не на посебен вид.

617ee55dfadfa24b71a6245717468807b4192c49 96f14f7bb55e30a95a5f81e27820752199a3780d

teamНаучниците сметаат дека најдените остатоци се првите облици на Хомо еректус, наши предоци кои имале пропорции на телото слични на модерниот човек.

Сметаме дека Хомо еректус мигрирал и во Азија, а не живеел само во Африка, најдените черепи не се иселеници од африка или пак тука дошле многу многу порано отколку што се мислепе дека предците од африка го напуштиле континентот, изјавил Christoph Zollikofer од универзитетот во Цирих чии тим дојде до ова ново откритие.

До откритието дошле споредувајќи ги черепите пронајдени во Грузија со черепите најдени во Африка и Азија. Научниците заклучиле дека нема голема разлика, како и дека Днамиси хоминид е всушност варијанта на Хомо еректус.

Ако научниците се во право значи дека еволуциското стебло мора да биде ревидирано, како и да се избришат имињата како Хомо рудолфенсис, Хомо гаутенгенсис, Хомо ергастер, како и Хомо хабилис.

1e18a1f77b5ef1e30d8fb10cfd455aef8bb82e5e

Дманиси хоминидите имале релативно мал мозок, отприлика третина од мозокот на денешниот човек. Но, покрај тоа можеле да изработуваат разни орудија, а имале и социјални и когнитивни вештини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1