Најмалку седум лица загинале, меѓу кои е и дете, а повеќе од 100 лица се повредени во силното невреме кое ја погоди Грција.
Според првичните информации, загиале двајца туриси од Чешка, жена и осумгодишно дете од Романија, маж и момче од Русија, а настрадал и еден грчки рибар.
Силниот ветер го зафати Халкидики, а како што велат било страшно, корнел дрва и носел покриви.
„Ова е првпат во моите 25 години кариера да доживеам такво нешто“ рекол за грчката телевизија директорот на здраствениот центар во Неа Мудања каде се сместени многу повредени.
Хоспитализирани пациенти се од осум до седумдесет години, а некои од нив се здобиле со повреди на главата од пад на дрва.