Две жени биле преплашени, при што добиле срцев напад по кој не преживеале, а третата жртва бил маж врз кој се урнала зграда која сеуште била во изградба, изјавуваат тамошните медиуми. Овој земјотрес повредил уште триесетина граѓани на Коста Рика и нанел умерена штета главно врз градбени објекти. По него следеле уште 60 помали земјотреси.
Погледнете го видеото на кое случајно се снимени од страна на безбедносни камери неколку потреси. Видеото е објавено на страната на Earthquake Report, а го направил Иван Аројо. На него е прикажан интензитетот на потресот на различни места. Најсилниот потрес може да се забележи на вториот дел кој е снимен од страна на безбедносната камера на еден паркинг. На останатите делови може да забележите како на одредени места доаѓа до прекин на струјата, како луѓето бегаат во паника и слично.
Погледнете ги и фотографиите кои биле направени од страна на граѓанин на Тамариндо, каде и се направени овие фотографии, а негов пријател ги објавил на интернет.