Видео: Наместо ножици користи жива пирана


На снимката жител од еквадор држи пирана, една од најопасните риби, и ја користи наместо ножица.
Неодамна објавената снимка која е направена во прашумата Кујабено во Еквадор се гледа како човек во едната рака држи пирана а во другата гранче.
Кога ќе го приближи гранчето до устата од рибата, пираната силно ги стега острите заби и го одгризува гранчето.
Судбината на пираната понатаму не е позната.

Пираните живеат во реките на јужна Америка и имаат репутација како крволочни животни. Меѓутоа научниците тврдат дека тие многу ретко напаѓаат луѓе за разлика од она сто порано се мислело.
Се одликуваат со многу остри заби и голем апетит за месо. Долги се околу 15 – 25 сантиметри.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1