19 год девојка и 20 год момче убиени во Торонто – 19 повредени


Инцидентот се случил вчера околу 23 часот за време на куќна забава на која присуствувале околу 200 млади.

Напаѓачи отвориле оган со повеќе од еден пиштол и според полицијата рафално пукале во куќата. 19 годишна девојка починала на самото место, а на повредите им подлегнало и 20 годишно момче. 19 се повредени, но се вон животна опасност.

Според шефот на полицијата во Торонто Bill Blair има многу сведоци и напаѓачите брзо ќе бидат пронајдени. .

Според очевидците група влегла во куќата и имало престрелка, вкрстен оган меѓу две групи. Полицијата потврди дека се пронајдени различен тип на чаури и се трага по повеќе напаѓачи. Ќе се врши обдукција и на телата на починатите за да се утврди кое оружје ги усмртило. Според бројот на испуканите чаури полицијата вели дека навистина е чудо како нема повеќе повредени од 200 те гости присутни во куќата во моментот на пукањето.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1