Видео: Напад со пиштол среде говор на политичар


Лидерот на партијата на турското малцинство во Бугарија, Движењето за правата и слободите (ДПС) Ахмед Доган е нападнат со пиштол на гас додека зборувал пред делегатите на форумот.

doganЧовек се качи на сцената и впери пиштол во Доган, на телевизиските снимки се гледа дека Доган самиот му го одзема пиштолот од рака на напаѓачот, кој бил веднаш совладан и легнат на земја, по што бил физички нападнат од учесниците на конференцијата.

Напаѓачот е 25-годишниот Октај Енимехмедов од Бургас, кој е регистриран како делегат на партијата од овој град.

По нападот момчето е однесено во полиција, а кај него биле пронајдени пиштол на гас и два ножа. Енимехмедов има криминално досие, а на полицијата и е познат како хулиган, учесник во тепачки и кражби.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1