Видео: Нема да има избори ако треба и ќе се пука – им рекол Заев на новинари кои лажно му се преставиле


СДСМ нема да учествува на претстојните локални избори во Македонија, а ако изборите сепак се одржат тогаш ќе  “има пукање“.

g_zaev slika za webОва во телефонски разговор го тврди вториот човек на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, објави нет прес.

Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Плусинфо потврдил дека на лице кое лажно се претставило дека е шеф на општинска организација, навистина му кажал дека ќе има пукање.
– Точно е дека реков дека ќе има пукање. И вас ќе ви повторам: Да, навистина ќе има пукање! После она што се случи во понеделникот пред Собранието, но и во Парламентот, јас очекувам сега навистина да пукаат по нас. Тоа беше смислата на она што го кажав.

Го поздравувам уредникот на Нетпрес и го советувам следниот пат, кога ќе сака од мене изјава за било што, да ми се јават без лажно претставување. И сега, да ми се јавеа, ќе им го кажев истото ова што ви го кажав и на вас – изјавил Заев за Плусинфо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1