Воден рептил долг 6 метри откриен во Унгарија (Фото)


50996_webНов вид на гуштер долг повеќе од 6 метри живеел речните води, слични на денешните речни делфини. Нема потреба од паника, овој вид е одамна исчезнат.

Ова е прв откриен примерок од овој вид во Унгарија, се вели во истражувањето објавено на 19-ти декември во отворениот журнал PLOS ONE од страна на Часзло Макади од Унгарскиот Природно-Научен Музеј и колегите од Канадскиот Универзитет Алберта.

523px-Prognathodon3620px-MosasaurMaastricht080910

Овој вид живеел пред околу 84 милиони години, најголемите од нив достигнувале речиси 6 метри во должина, и припаѓаат на фамилијата наречена „мозасаури“, кои се смета дека биле џиновски гуштери слични на денешните Варани.
800px-Platecarpus2010 Пронајдените фосили покажуваат дека овие гуштери имале екстремитети вообичаени за гуптери, черепот им бил сличен на крокодилскиот, но опашката не била слична на ниеден досега познат член на фамилијата мозасури.

Фосилите биле пронајдени во отворените јами на ридовите Бакони, Западна Унгарија.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1