Откако експерти за рушење на згради, во Австралија во половина век стара зграда поставија експлозив за да ја срушат, „тврдоглавата“ зграда не падна, па мораше на помош да се повикаат и багери.
По експлозијата, која требаше да ја сруши зградата во индустрискиот дел Бризбејн, таа „гордо“ стоеше околу 40 минути, па во акцијата биле вклучени багерите.
На крај некако успеале да ја срушат зградата, а се што остана од неа е 4.000 тони отпад.