Чудната и таинствена фигура која е видена во текот на атентатот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди и до ден денес остана мистерија. Човекот со чадорот на денот на атентатот, може да се види на неколку видео снимки и фотографии поврзани со убиството. Тој е единствената личност во Дили Плаза со чадор што е многу необична појава иако бил ведар ден.
Интересно е дека овој невројатен детаљ е воочен дури неколку децении по атентатот на претседателот на САД!
Во јавноста сè уште се водат големи дебати околу атентатот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. До денешен Човекот со чадорот на тој сончев ден останува мистерија за која се поставуваат многу теории.
Во едно од видеата се гледа точно како овој човек го отвора својот чадор и го подига високо над главата кога лимузината во која Кенеди се возел се приближила. Во периодот кога лимузината почнува побавно да се движи, тој го свртел чадорот во насока на стрелките на часовникот, а потоа се слушнал и истрел, а Џон Ф. Кенеди веќе бил мртов.
Во периодот по атентатот, човекот со чадорот седел на тротоарот покрај знакот за „Stemmons Freeway“.
Потоа, станал и тргнал кон училишниот магацин за книги, каде се наоѓал стрелецот Ли Харви Освалд. Вистинскиот идентитет на човекот со чадорот никогаш не е откриен. Неговите потези се прикажани во повеќе филмови кои се занимаваат со теориите на заговор во врска со атентатот на Џон Ф. Кенеди, вклучувајќи го и филмот „Џ. Ф. К.“ на Оливер Стоун.
Теоријата сугерира дека човекот го користи чадорот за да му сигнализира на атентаторот. Попрецизно, тој можел да биде сигнализација за возачот на Кенеди да го забави возилото. Многу луѓе кои биле сведоци на атентатот изјавиле дека лимузината на Кенеди дошла до потполно запирање среде улица пред да биде убиен.
Друга личност која е од големо значење е црномурестиот човек кој стои покрај човекот со чадорот. Црномурестиот маж го отпоздравил претседателот со нацистички поздрав, а потоа комуницирал преку токи воки.
Во 1978 година, по жалбата на американскиот Одбор за атентат, човек под името Луи Стивен Вит ненаадејно се појавил тврдејќи дека токму тој е човекот со чадорот. Вит вели дека го донел чадорот за да може да му дофрла на Кенеди.
Втората теорија е дека човекот со чадорот бил Американецот по потекло од Куба, Мануел Артиме, кој имал блиски врски со Еверет Ховард Хант.
Артиме умрел на мистериозен начин во 1977 година, токму во времето кога одборот за атентат на САД ја започнал истрагата поврзана со „човекот со чадорот“.