-Македонија е денес земја на вредни и чесни граѓани, земја која дава максимум, која се обидува да извлече максимум, земја во која многу нешта се променија на подобро, земја во која многу нешта се придвижија, земја со многу проблеми, предизвици, сме ветувале доста конкретни работи и сме останале доследни на тоа што сме го ветувале и во најголем дел сме го исполниле меѓутоа и сме исполниле многу повеќе работи од тоа што сме го ветувале. Голем дел сме успеале да ги решиме, а има и такви кои се уште се решаваат и треба да се решаваат…
Кога сме кај проблемите, ја губи ли Македонија битката со евроинтеграцијата, битката со демографијата, тоне ли во задолжување кое на долг рок ќе ја доведе до банкрот?
– Тоа се три различни прашања, ако дозволите би ги опсервирал поединечно,
околу делот за Европската Унија Македонија го направи максимумот, ние кратко после нашето доаѓање на власт го направивме тоа што претходните влади не го направија, успеавме да ги исполниме условите за земјата да добие препорака, да добиеме позитивен извештај со препорака за почеток на преговорите.. Истовремено успеавме да ги анулираме и визите, односно да ги исполниме сите услови за модернизација на визниот режим, а една година претходно успеавме да ја подготвиме земјата за полноправно членство во НАТО, Македонија многу одамна го направи она што другите земји го направија за да станат членки на унијата… Нас ни е наметнат неден друг услов, да се смени името на државата, јазикот и нацијата, идентитетот, и се бара тоа да се прифати да биде онака као што Грција го бара, не само да се сменат, туку и онака како што таа ќе каже, да го избере новото име, да даде 2-3 варијанти. И не можеме да кажеме дека загубивме, постојано се бориме… меѓу другото бевме и на Меѓународен Суд , добивме позитивна пресуда, 15 од 16 судии гласаа за нас.
Демографијата е европски феномен и проблем не само на Македонија туку и на најбогатите во Европа…Но ние отворено го отворивме овој проблем, се сеќавате пред некоја година на денот на Македонската борба јас го посветив мојот говор на овој проблем.Разговаравме и со Универзитетот, којшто има изработено и една работна верзија, стратегија и воведовме многу мерки со која сакаме да ја стимулираме таа демографија….
Околу прашањето за „презадолжувањето“ и дали Македонија на долгорочен план тоне во задолжувања, мојот одговор е краток и јасен а тоа е НЕ…
Гледајте го целосното интервју со премиерот Никола Груевски на интернет страницата на јавниот сервис. Со него разговараше Горан Петрески
Video – Kurir.mk