ВИДЕО: Објавена снимката како Боки 13 и Кичеец земаат рекет од Камчев


Италијанските емдиуми објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев, во кое има и аудио дел за тоа како се договараат дека тој ќе биде ослободен.

Италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите а се слуша и разговорот меѓу нив:

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.

Осомничените се веќе во притвор, а при претресите кај нив полицијата најде и заплени уметнички слики, брендирана гардероба и накит, компјутери и оружје и муниција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1