Видео од сообраќајката на мостот Гоце Делчев – возачот загина, сопругата не е повредена


Несреќа на мостот “Гоце Делчев “. Почина маж на 61 година. Автомобилот кој го управувал ја проби оградата и висеше над патеката покрај Вардар. Утринава пред 10 часот Пунтото се движело од Мавровка кон Владата и според неофицијалните информации на возачот одеднаш му се слошило, прво удрил во возилото пред него , па нагло свртел на десно и се забил во оградата. На совозачкото место седела неговата сопруга која не е повредена.Screenshot_162

Веднаш повикала Брза Помош. Кога стигнала екипата мажот не давал знаци на живот. Додека полицијата го обезбедуваше местото, пожарникарите го вадеа телото од автомобилот. Десетина минути во амбулантното возило лекарите се обидуваа да го реанимираат, но без успех.

Обдукцијата треба да ја покаже точната причина за смртта на возачот, иако првично се претпоставува дека 61-годишниот маж имал срцев удар, изгубил контрола над возилото и удрил во оградата на мостот Гоце Делчев.

Видео снимено со дронот на ТВ НОВА 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1