6-мина обвинети сакаат да признаат дека во Македонија врбувале џихадисти


6-мина од обвинетите во случајот „Ќелија“ се подготвени да признаат дека врбувале македонски граѓани за боиштата на Сирија. На денешната седница за оценка на обвинителниот акт тие рекоа дека и покрај тоа што немаат видено ниту еден доказ против нив, сепак сакаат да се спогодат со обвинителство. Меѓунив, беше и првоосмоничениот имам од скопската Тутунсуз-џамија, Реџеп Мемиши.Osnoven-Sud-Skopje-II-Skopje

Останатите 5-мина обвинети останаа на ставот дека не се чувствуваат виновни за делото за кое не знаат со какви докази располага обвинителство. Скопјанецот Стефан Стефановски кој е обвинет дека ја напуштил Македонија за да биде дел од паравоена формација во Сирија, пред Судскиот совет рече дека не ја прифаќа вината бидејќи како медицинско лице има обврска да им помага на сите без разлика на вера и нација. Нивните адвокати тврдат дека обвинителниот акт е нејасен, бидејќи во него нема точна квалификација за колку кривични дела се товарат обвинетите.

Според обвинителство 11-мина приведени се сомничат за „Учество во странска војна, полиција, паравоени и параполициски формации“ при што дел се товарат за регрутирање лица за војните во Сирија и земјите од Блискиот Исток, други за обезбедување финансиска и материјална поддршка, а трети за директно учество во војните. Седницата за оценка на обвинителниот акт продолжува на 25 март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1