ВИДЕО ОД ТРАГЕДИЈА: 30 руски навивачи повредени во римското метро кога полуде ескалаторот


Руската амбасада во Рим соопшти дека околу 30 луѓе, меѓу кои и руски навивачи кои оделе кон „Олимпико“ се повредени при дефект на подвижните скали во метро станицата.

Осум лица се со сериозни повреди, а според италијанските медиуми, на еден руски навивач му е ампутирана една нога.

Руски навивач се здоби со убоди од нож во близина на стадионот „Олимпико“, други двајца се претепани, додека триесетина се повредени во метро станицата во Рим.

Ова е епилогот од инцидентите синоќа во главниот град на Италија каде се играше натпреварот од фудбалската Лига на шампиони меѓу Рома и ЦСКА Москва.

Тамошната полиција има легитимирано неколку осомничени лица за нападот со нож и тепачката што се случија на мостот до стадионот, односно на плоштадот „Манчини“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1