Огромна дупка се отвори на улица во ценарот на кинескиот град Џенгџоу и проголта неколку минувачи, при што едно лице и натаму се води како исчезнато.
Најмалку три лица паднале во дупката долга 30, широка 20 и длабока девет метри, која се отвори за време на поројните дождови што ја зафатија централна Кина.
Прелиминарната истрага покажа дека дупката настанала кога под притисок на големото количество на вода попуштиле цевките под асфалтот.
Спасувачите од дупката веднаш извлекле еден маж и една жена, но втората жена, која во моментот на инцидентот се возела на велосипед, не е пронајдена и сè уште води како исчезната.
Во дупката за време на потрагата по исчезнатата жена се пронајдени три велосипеди, чанти, чевли и делови од облека.