Десетина илјади ајкули пливаат покрај брегот на Флорида, а локалните крајбрежни стражи објавија општо предупредување до граѓаните да не се влегува во морето
Според д-р Стивен Кејџр, професор по биолигија на Универзитетот во Флорида, успеале да избројат повеќе од 15.000 ајкули на помалку од 200 метри на брегот. Тој тврди дек ајкулите не напаѓаат луѓе, туку се во потрага по помали риби.
Флорида е позната по проѕирната вода, така што ајкулите можат јасно да ги распознаат луѓето од пленот.
Експертите велат дека ајкулите мигрираат на север, откако заврши нивното „зимување“ во топлите мориња. Загрижува тоа што ајкулите се приближиле на дваесеттина метри до брегот и ја загрозуваат безбедноста на капачите во подрачјето на Палм Бич.
Чуварите на плажите велат дека оваа појава за прв пат ја гледаат во нивниот живот. Тие велат дека ајкулите се ослабени што упатува на тоа дека се гладни.