Видео: Оштетени 5 автомобили – експлозија до штабот на СДСМ во Карпош


Пред канцеларијата на СДСМ во скопската населба Карпош вечерва е фрлена бомба. Според првичните информации, нема повредени.

bomba21-6Експлозија, во која се оштетени неколку возила, одекна вечерва пред регионалниот штаб на СДСМ, во скопската општина Карпош на улица „Варшавска“, дознава Плусинфо.

Информацијата ја потврдија од МВР, од каде велат дека за време на експлозијата очевидци немало. Според МВР, засега нема индиции за никаква поврзаност со СДСМ.

Неофицијално експлозијата е предизвикана најверојатно од рачна бомба, но за оваа информација сè уште нема потврда од МВР, бидејќи во тек е увидот.Во штабот имало 30 младинци од подмладокот на СДСМ, никој не е повреден. Но има оштетено неколку автомобили
Видео: А1он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1