Видео: Отишол да краде – незнаел да ја отвори касата


Овој крадец од Индијана се обиде да ограби еден од рестораните McDonalds, но при тоа, не успеа да открие како се отвара касата.

Како што може да се забележи на ова видео, тој ја превртува наопаку, треска по неа, па дури и каблите ги извлече, но ништо од направеното не помогна за да ја отвори касата со пари ….

Откако ги исцрпил сите идеи и можности, разбојникот од незаклучениот фрижидер земал неколку овошни јогурти и избегал. Меѓутоа, сигурносните камери се снимиле, и утрото кога еден од работниците, пристигнал на работа, го забележал скршеното стакло и веднаш ја повикал полицијата.

И додека полициските службеници ја гледале снимката, крадецот Кристофер се појавил на врата пред ресторанот  и ги поштедил полицајците од дополнителна работа.
Еден од службениците веднаш го препознал несмасниот крадец, по што провалникот заврши со лисици на рацете. Кристофер не пружал отпор при апсењето, а на себе сеуште имал делови од стаклото кое претходно го искршил.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1