Припадниците на полицијата утрово околу 7 часот го отстранија споменикот на поранешните припадници на ОВПМБ од плоштадот пред зградата на општина Прешево.
Српскиот премир и министер за внатрепни работи Ивица Дачиќ изјави дека истекле сите рокови и припадниците на Жандармеријата го отстраниле нелегално поставениот споменик.
,,Србија покажа доволно трпение, но и испрати јасен сигнал дека законот мора да се почитува и дека никој не е посилен од државата, рече Дачиќ.
Споменикот на припадниците на албанската ОВПМБ поставен е во ноември минатата година, а Владата на Србија соопшти дека мора да биде отстранет до 17 јануари, за кога беше закажана четвртата рунда преговори меѓу Белград и Приштина.