Видео: Отворија кутија закопана пред 100 години – еве што има во неа


100 god kapsula

По 100 години конечно е отворена кутијата што беше пронајдена во црква во Оклахома. Кутијата била закопана во 1913 година, а во неа се откриени одлично сочувани предмети, весници како и фонографска плоча со снимени гласови на луѓето од тоа време.

Кутијата наречена “Century Chest“ содржи колекција од добро сочувани артефакти, мапа, предмети од домородните Индијанци, женски чевли, пенкало што му припаѓало на претседателот Вилијам Мекинли и фонографска плоча со снимени гласови на луѓето од тој период, пренесува Huffington Post.

Сите предмети ќе се чуваат во Историскиот центар во Оклахома и јавно ќе бидат изложени во текот на годината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1