Ова е модернизираната легендарна пушка АК74М, позната како „калашников“, за која произведувачот тврди дека е за 50 отсто попрецизна на оддалеченост до 300 метри и тоа по мрак и по најлоши временски услови.
Ова чудо од руската индустрија за оружје ќе биде претставено на спектакуларната парада за Денот на победата во Москва со други престижни новитети, како што е тенкот „армата“. Модернизираниот „калашников“ е со оптоелектронски и ласерски нишан, со посебно осветлување за услови на намалена видливост и нечујна опрема.