Сопружници од Горно Оризари се убијците на 30-годишниот Бајро Ибрахимовиќ чие тело на 11 април годинава беше пронајдено во напуштена куќа близу Велес.
По осум месеци од пронаоѓањето на телото на момчето од Оризари, полицијата го расчисти убиството. Вчера вечер МВР извршила претрес во неколку куќи. Во една од нив е пронајдено оружје и докази кои наведуваат дека убиецот е 32 годишен маж, а неговата сопруга соучесник.
Осомничените биле пријатели со убиениот. И убиецот и убиениот биле заведени како нарко- зависници. Полицијата се сомнева дека мотивите за убиството се поврзани со нивната зависност.
Телото на убиениот беше пронајдено во напуштена куќа на патот кон Дорутовец на влезот од градот. Убиството се случило на 24 март, а на жртвата била погодена во глава.
Второпријавената која е сопруга на првопријавениот, знаела за извршеното убиство но му помагала да не биде откриен