Денеска во Прилеп ќе биде погребана Дениса Маркоска


Ковчегот со посмртните останки бил пристигнат уште вчеравечер во Прилеп Погребот на Дениза Маркоска ќе биде извршен денес во 14 часот на Новите градски гробишта во Прилеп, јавува „ Нова ТВ“ .

Со тага болка и нема тишина е исполнет домот на семејството Маркоски на улица „Мариовска“ бр.2 во Прилеп, додека се спремаат да ја испратат на последното патување својата ќерка и сестра, Дениса Маркоска.

18171golema
Ковчегот со посмртните останки на Дениса доцна синоќа беше донесен во домот на нејзините родители. Резултатите од повторната обдукција и ДНК анализата направени во Институтот за судска медицина во Скопје го потврдија стравувањето на роднините и пријателите на 23 годишната прилепчанка: телото кое на 4. октомври беше пронајдено во близина на грчкиот остров Карпатос ѝ припаѓа на Дениса. denisa brod
Најблиските роднини и пријатели на семејството Маркоски, на мајката Мирјана, таткото Кире и братот Боби, уште вчера, веднаш после официјалната потврда на страшната вест почнаа да пристигнуваат во нивниот дом. Со намера да ѝ оддадат последна почит и да ја испратат до нејзиното вечно почивалиште, пријатели, познаници и граѓани на Прилеп уште во претпладневните часови на денешниот ден во голем број се упатуваа кон домот на семејството Маркоски.

Погребот на Дениса Маркоска ќе биде извршен денес во 14 часот на Новите градски гробишта во Прилеп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1