ВИДЕО: Ова се убијците од Велес – Маж и жена уапсени за убиството на Ибрахимовиќ


Сопружници од Горно Оризари се убијците на 30-годишниот Бајро Ибрахимовиќ чие тело на 11 април годинава беше пронајдено во напуштена куќа близу Велес.ubiec-maz

По осум месеци од пронаоѓањето на телото на момчето од Оризари, полицијата го расчисти убиството. Вчера вечер  МВР извршила претрес во неколку куќи. Во една од нив е пронајдено оружје и докази кои наведуваат дека убиецот е 32 годишен маж, а неговата сопруга соучесник.

Осомничените биле пријатели со убиениот. И убиецот и убиениот биле заведени како нарко- зависници. Полицијата се сомнева дека мотивите за убиството се поврзани со нивната зависност.zena-ubiec-mvr

Телото на убиениот  беше пронајдено во напуштена куќа на патот кон Дорутовец на влезот од градот. Убиството се случило на 24 март, а на жртвата била погодена во глава.

Второпријавената која е сопруга на првопријавениот, знаела за извршеното убиство но му помагала да не биде откриен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1