Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони пред телевизиските камери ја отвори вратата од својата соба за „бунга бунга“. Тоа е последен обид за да докаже дека забавата била бесплатна и легална.
Во двочасовниот документарец, одвнатре е прикажана фамозната вила близу Милано. Во вилата има маса за триесет лица и огромен број уметнички дела, а на приземјето се наоѓаат просториите во кои наводно се одвивале „бунга бунга“ забавите.
Но, Берлускони го повтори тврдењето дека никој не бил соблекуван на забавите кој тој ги организирал. Се разговараше за фудбал и политика. Ништо срамно не се случуваше. Немам што да сокријам, изјави тој.