Видео: Пензионер направил клима уред за само 300 динари


Денес е тешко да се замисли животот во град на 35 степени доколку во собата нема клима уред. Сепак, клима уредот за некои луѓе за жал претставува луксуз, па затоа овој пензионер од Нови Сад решил самостојно да направи уред кој ќе го разладува во пеколно жешките денови.

klima-penzioner-foto-printscreen-b92-1377515593-357331Во скромниот дом на овој пензионер врти еден вентилатор. Кога надвор е 30 степени во дневната соба на овој човек е за 5 до 10 степени поладно. За тоа е заслужен Исак, некогаш хемиски техничар, а денес пензионер – иноватор.

Патентот на Исак започнува под земја, од цистерната во бунарот до подрумот. Едната цевка оди до бунарот, а другата во тоалетот и наместо да плати 30 илјади, неговиот уред за разладување чини само 300 динари.

“Ладилникот го добив од автомеханичар, вентилаторот го имав сам, единствен трошок ми се цевките кои ги купив. Тука не плаќам ниту за вода, ја земам од бунарот, а дури и водата е за неколку степени поладна од онаа во градскиот водовод. Добрата изолација прави добар ефект, нема естетика, но секако тоа не ми е потребно” – вели овој пензионер.

Клима уредот со помош на вода од бунар не е единствениот измислен уред, макар што му е омилен.  Мотивацијата за вакво нешто ја добил од својот внук кој поради големата жештина избегнувал да спие во дневната соба на дедото.

klima11

klima

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1