Видео: Пијани птици паѓале од небо – граѓаните мислеле дека е крај на светот


Најновиот случај на паѓање на црните гаврани се случил во Пенрит во Австралија а научниците тврдат дека птиците биле ,,пијани,,

Случајот бил во близина на основно училиште во Австралија каде се пронајдени гаврани како во многу лоша состојба само лежат на земја. Полицијата тогаш побарала помош од ветеринарни експерти. Голема количина на етил алкохол е пронајдена во крвта на птиците.

Научниците од Британскиот институт за здравје на животните и ветеринарство го истражувале несекојдневниот настан на ,, паѓање на гаврани од небото,,

Наодите покажале дека птиците јаделе голема количина од плодот оскоруша и по ферментација на овошјето изгубиле оирентација и рамнотежа во воздух и паѓале на земја по што се здобивале со тешки повреди.

На почетокот на годината сличен ваков случај ги загрижил американските граѓани кога ,,дожд од гаврани,, паднал а некои тоа го протолкувале како знак дека доаѓа крајот на светот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1