61 годишен човек кои имал преживеано мозочен удар по што останал речиси целосно слеп бил грубо нападнат од полицијата.
Колин Фармер кој користи стап за да се движи наоколу излегол на прошетка во Чорли, одеднаш слушнал звук и почуствувал како струја му поминува низ телото. Полицајците го погодиле со машинче за електро шокови со јачина од 50.000 волти.
,, Бев сигурен дека некој се обидува да ме убие, вели Колин, кому ни на крај памет не му паднало дека тоа е полицијата. Полицаецот потоа скокнал на него и му ставил лисици – ,, толку грубо што се на мене ме болеше,, раскажува Колин.
Откако сватиле дека со елeктрошок погодиле погрешна личност, полицајците го однеле Колин во болница. Се правдале дека добиле пријава дека низ градот се шета маж со самурајски меч и мислеле дека стапот е токму тој меч и затоа веднаш реагирале. Полициајта му се извини на Колин.