Бенџамин и Кристи биле пронајдени мртви на својот кревет на 27-ми септември минатата, а на подот од заклучената бања ги пронашле безживотните тела на нивните три деца, на возраст од 11 до 14 години. Никаде немало траги на насилство, но покрај секое од телата имало чаша со течност. Меѓу другото, во течноста имало силна концентрација на метадон, замена за хероин.
Во истрагата било заклучено дека стравот од “крај на светот” била причината што брачниот пар Бенџамин и Кристи Стрек од Спрингвил (Јута) ги отруле своите три деца, а потоа си пресудиле и самите.
Џеј Скот Финлејсон, шеф на полицијата во Спрингвил, вели дека на основа на деталните разговори со членови на семејството и нивни пријатели, било заклучено дека причина за оваа трагедија била “страв од апокалипса”.
-Набрзо стана очигледно дека идејата за “напуштање” на светот за нив била вообичаена тема… Некои нивни пријатели сметаат дека мислеле на самоубиство, а други велат дека мислеле дека семејството сака да се пресели, било наведено во извештајот.