Јиничи Каваками е последниот нинџа во Јапонија, 21-от наследник на Бан кланот, династија на нинџи стара 500 години. Тој е во состојба да слушне пад на игла во соседната соба, може да исчезне во облак од дим и има вештина да одземе живот на оддалеченост од 15 со помош на шурикен со пречник од 5 сантиметри. Може да поднесе екстремни температури и со денови да биде без храна и вода.
-Мислам дека ме викаат последниот нинџа, бидејќи не постои личност на светот, која ги научила сите вештини што во текот на вековите се пренесувале од еден нинџа мајстор на друг. Вистинските нинџи веќе не постојат, смета Каваками.
За да ја подобри својата концентрација со часови медитирал гледајќи во огнот на свеќа, се додека не почувствува дека се наоѓа во неа, а за да го подобри својот слух постојано се обидувал да го слушне паѓањето на иглата во соседната просторија. Дел од тренингот опфаќал и качување по ѕидови, скокање од големи височини, а научил и како да ги меша хемикалиите за да направи експлозија и чад – тренира од својата 6 -та година.
„Тренинзите беа напорни и болни. Не беше забавно, но не размислував многу за тоа. Едноставно тренингот страна составен дел од мојот живот“ – вели тој.
Бидејќи Каваками одлучил своите вештини да не ги пренесува на новите генерации, тој е последниот нинџа од Бан кланот.