ВИДЕО: Потоп во Јапонија – евакуирани 170.000 луѓе, нуклеарната централа Фукушима во опасност


Јапонија евакуирала околу 170 илјади луѓе поради поројните дождови, поплавите и лизгање на земјиштето по ударот на тајфунот Етау. Според службата за кризни ситуации, 15 лица биле повредени во невремето, од кои две потешко, додека две лица се водат како исчезнати.

Неколку илјади луѓе сѐ уште се заробени во своите куќи откако реките ги преплавиле своите корита. Властите советувале да се евакуираат уште околу 800.000 луѓе на истокот на Јапонија поради невообичаено обилните дождови.japonija poplavi

Телевизиите прикажале снимки од хеликоптери како спасуваат луѓе од покривите на куќите.

Исклучително драматична е ситуацијата северно од Токио, во областите Ибараки и Точиги, каде што има целосно поплавени градови.

 Обилните врнежи, предизвикани од налетот на тропската бура Етау, не го одминале ни Токио, а силните врнежи не престануваат веќе втор ден.

Невремето ја загрозила и безбедноста на нуклеарната централа Фукушима, која по несреќата во 2011 година предизвика вистинска еколошка катастрофа во земјата.


Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1