САД бараат од сојузниците да ги контролираат руските авиони за Сирија


Портпаролот на Стејт департментотЏон Кирби одби во четвртокот да потврди дека САД директно го попречуваат прелетот на руските авиони за Сирија, кои како што признава Москва носат хуманитарна и одбранбена воена опрема одобрена со меѓународните конвенции, но потврди дека Вашингтон ги повикува сојузниците „да поставуваат прашања“ до руската страна во врска со товарите и се противи на каква и да е поддршка за владата на Сирија.

„Ние не ги објавуваме нашите дипломатски преговори, но побаравме од нашите партнери во регионот самите да им постават релевантни прашања на Русите“, изјавил портпаролот на американскиот Стејт департмент.avion pomos

„Без разлика на тоа какви воздушни коридори се користат, ние јасно дадовме на знаење дека сме загрижени од продолжувањето на материјалната поддршка на режимот на (сирискиот претседател Башар ал-)Асад. Во тој контекст не е важно каков воздушен или поморски коридор за тоа се користи“, додал Кирби.

На новинарско прашање дали САД се обиделе да ги блокираат за Русија воздушните коридори конкретно преку Ирак, Кирби одговорил дека владата на Ирак самата решава за таквите прашања.

„Воздушниот простор на Ирак го координира владата на Ирак. Што се однесува до нас, прелетите на нашите авиони во поддршка на меѓународната коалиција ние ги координираме со владата на Ирак“, одговорил Кирби, пренесува агенцијата РИА.

Барањата за прелети на руските авиони со хуманитарна помош за Сирија во воздушниот простор на Бугарија и Грција, членки на НАТО, предизвика активности на САД. Во вторникот бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека го забранило прелетот од 1-ви до 24-ти септември, а во четвртокот објави дека ќе бара проверка на товарите на авионите со хуманитарна помош кои летаат од Русија за Сирија, поради наводна загриженост за содржината на товарите. Атина пак објави дека го разгледува барањето на Вашингтон.

Во четвртокот и Украина соопшти дека го затвора својот воздушен простор за руските прелети кон Сирија, но Русија не ги користи коридорите над нејзината територија уште од 2014 година.

Медиумите пишуваа дека САД вршеле слични притисоци и врз владите во Багдад и во Анкара, којашто уште од 2011 година ги проверуваше товарите на руските авиони кои летаат кон Сирија, бидејќи сунитска Турција како и САД бараат од власт да биде отстранет алавитот (шиит) Башар ал-Асад, кој го продолжува децениското стратешко партнерство со Москва.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1