Тројца ултрадесничари го фатија украинскиот парламентарец Виталиј Журавски, го фрлија во контејнер и го затворија капакот. Инцидентот се случил пред очите на 500 националисти кои протестирале пред зградата на Врховната рада.
Кратко време пред вчерашниот инцидент, тој говорел со восхит за почитувањето на европските вредности бидејќи е познат како штитеник на европска Украина.