Полицијата е во потрага за маж кој извел болен сексуален чин пред прозорецот на една детска соба во Мидлтон. Имено, неговата „соло изведба“ ја снимиле надзорните камери поставени околу куќата, пренесува „Мирор“
Непознатиот маж во раните утрински часови, на 10 ноември, поминал повеќе од половина час во демнење на една куќа во Мидлтон. Откако сопственикот на куќата забележал голем број на стапалки околу својот имот, ги прегледал снимките од надзорната камера. Открил дека непознатиот човек во градината на неговата куќа ги покажувал своите гениталии.
Полицијата го објави видеото од човекот кој мастурбирал под прозорецот на детска соба, со надеж дека можеби некој ќе успее да го препознае. Тие истражуваат дали инцидентот е поврзан со слична случка која се случила во понеделникот, кога една жена забележала непознат маж како зјапа во неа низ прозорецот од кујната. Кога видел дека го забележала, човекот побегнал.
Инспекторот Ли Хопвуд, кажал дека се работи за навистина вознемирувачки инциденти.
– Сега сакам луѓето добро да го погледнат мажот од снимката и да ни кажат кој е тој – порачал Хопвуд.