Видео: Продаваат сперма и јајце клетки за да преживеат – Очај во Шпанија


Во Шпанија сиромаштијата ги натера луѓето на очајнички потези да се дојде до пари за да се преживее. Во клиниките во Мадрид само во минатиот месец зголемен е бројот на донирана сперма и јајце клетки. Дури за 30 насто повеќе од вообичаено.

 

Оваа девојка која разговара со новинарот на CNN барала да остане анонимна, но ја раскажала својата приказна. За само неколку месеци 5 пати донирала јајце клетки. Процес кои е болен, а и претходно мора да е подложна на хормонски инекции и да се согласи на хируршко отстранување на јајце клетките.

,, работам и како чистачка, и правам педикир, сопругот ми е таксист. И пак немаме пари. А еднаш од донирање на јајце клетка заработив 3.000 евра,, изјавува девојката.

Зголемен е и бројот на донации на машко семе. За една донација добиваат по 50 евра. Сепак клиниките не примаат секого – мора де се мине низ здраствени и психолошки тестови.

Според експертите овие зголемени бројки укажуваат на очај во Шпанија, постојат информации и дека жени одат во клиниките каде донираат мајчино млеко, коса и слично.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1