ВИДЕО: Професор се закопал во гроб под семејната куќа во беровско


Триесет и едно годишниот Делче од беровско Русиново кој сам си го ископал гробот во семејната куќа под скалите бил пронајден од неговото семејство, откако четири дена бил пријавен за исчезнат, а по него трагала и полицијата.23 berovo

Делче, сам си го ископал гробот го затворил со штици и пур пена, а за да не се предомисли во самоубиствената намера и нозете си ги залепил со пур пена, за потоа да испие неколку шишиња со отровна киселина, јави телевизијата Стар.

Починатиот бил професор по музичко во осмолетката во Русиново.

Иако причините за ваквиот негов чекор не се познати, се шпекулира дека тој се разочарал од неодамнешниот развод со сопругата која ги однела двете малолетни деца.

Полицијата потврди дека се работи за самоубиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1