Телото на убиената Арнела Ѓокиќ (24) од Олово, по неколку часовно трагање денеска е пронајдено во кањонот на реката Ступчаница во Бјелиш во Босна и Херцеговина.
Екипа на MУПЗДК и тим на цивилна заштита на ФБиХ го пронашле телото околу 13 часота во водата на надојдената река за кое се претпоставува дека е убиената Арнела.
Според неофицијални информации, мотивот на бруталното убиство би можело да биде љубомора на Авдија Селимовиќ, кој според локалните жители бил во врска со убиената деевојка.
Авдија Селимовиќ (26) и Мурис Бркиќ (26), по приведувањето во просториите на МУП ЗДК го признал убиството на Арнела Ѓокиќ, а потоа го фрлил нејзиното тело од карпа во кањонот на реката Ступчаница.