Видео Путин: Ако ЦИА вели нешто за мене, веројатно е така


Луѓето во Русија не ми се плашат туку ми веруваат, тоа е најважното, порачува рускиот претседател Владимир Путин

Во интервју за американските телевизиски станици Си-Би-Ес  и Пи-Би-Ес Владимир Путин рече дека Русија нема да учествува во никакви воени операции на територијата на Сирија или во други земји, и дека со сигурност знае дека САД имаат врска со соборувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, пренесува Спутник.vladimir-putin500

Путин, исто така, запраша дали присуството на американското тактичко нуклеарно оружје во Европа значи дека САД ја окупирале Германија или само ги трансформирале окупациските сили во трупи на НАТО.

Дали сте подготвени да се приклучите на САД во борбата против Исламската држава и дали затоа сте во Сирија? Дали зачувувањето на Башар ал-Асад на власт е целта на присуството на Русија во Сирија?

– Точно, така е. Згора на тоа, по мое длабоко уверување, дејствувајќи во насока на рушење на легитимни структури на власта, може да се создадат ситуации на кои сме сведоци денес во другите земји во регионот.

Вие го поддржувате претседателот Асад. А го поддржувате ли она што тој го прави во Сирија и она што се случува со милиони бегалци и стотици илјади луѓе кои загинале, а многу од нив се убиени од неговите луѓе?

– А што вие мислите, дали правилно постапуваат оние кои ја поддржуваат вооружената опозиција и, главно, терористичките организации само за да се собори Асад? Вие цело време и повеќепати, со завидна упорност, зборувате за тоа дека сириската војска се бори против својот народ. Но погледнете кој контролира 60 отсто од територијата на Сирија – тоа е или ИД, или други терористички организации.

Многумина сметаат дека активностите на Башар ал Асад одат на рака на Исламската држава, дека лошото однесување кон сирискиот народ е своевидна помош на ИД. Значи, ако Асад си оди во земјата ќе започне преоден период кој ќе придонесе во борбата против ИД.

– Говорејќи со професионалниот јазик на специјалните служби, можам да кажам дека таквата оценка е антисириска пропаганда. На територијата на Сирија се наоѓаат повеќе од две илјади вооружени лица по потекло од поранешниот Советски Сојуз. Постои опасност тие да се вратат кај нас. Па зошто да чекаме да ни се вратат, подобро да му помогнеме на Асад тој да се бори со нив таму, на територијата на Сирија.

Вие се гордеете со Русија, што значи дека сакате Русија да игра позначајна улога во светот.

– Тоа не е наша цел сама по себе. Горд сум на Русија. Ние имаме со што да се гордееме. Но ние немаме некој фетиш во врска со тоа дека сакаме Русија да биде супер држава на меѓународната сцена.

Но Русија е една од водечките земји затоа што вие имате нуклеарно оружје. Вие сте сила на  која мора да се смета.

– Се надевам. Инаку, зошто го имаме тоа оружје?

Украина е посебно голем проблем, меѓу другото и за нас. Таа ни е најблиска земја. Тоа е народ  најблизок на Русите: јазикот е сличен, културата, заедничката историја, заедничката религија. Што е, според мое мислење, апсолутно неприфатливо за нас? Кога прашањата, па и внатреполитичките, во републиките од поранешниот СССР се решаваат преку „обоени” револуции, преку преврати и неуставно менување на актуелната власт. Нашите партнери во САД не кријат дека ги поддржувале оние кои беа против претседателот Јанукович.

Мислите дека САД имаат врска со соборувањето на Јанукович?

– Јас тоа го знам веродостојно. Со луѓето кои живеат во Украина ние имаме илјадници разноразни заеднички контакти и врски. И ние знаеме кој, каде, кога се сретнувал, работел со луѓето кои го соборуваа Јанукович, како ги поддржувале, колку платиле и како тоа го подготвувале. Ние знаеме сѐ. Всушност, нашите американски партнери тоа веќе не го кријат.0612-Russia-tv-putin-interview_full_600

Дали вие го почитувате суверенитетот на Украина?

– Се разбира. Но ние би сакале и другите земји да го почитуваат суверенитетот на другите земји, вклучувајќи ја и Украина.

Како се случува промена на легитимна власт? Која е улогата на Русија во обновата на власта во Украина?

– Русија никогаш не учествувала ниту има намера да учествува во активности насочени кон уривање на легитимна власт.

Многумина зборуваат за руското воено присуство на границата со Украина

– Дали сте вие воено присутни во Европа?

Да.

– Во Европа се наоѓа тактичко нуклеарно оружје од САД. Дали тоа значи дека вие сте ја окупирале Германија или само сте ги трансформирале окупаторските трупи во трупи на НАТО? А ако ние држиме наши војници во нашата територија на границата со некоја држава вие веќе сметате дека тоа е злосторство?

Еднаш еден соработник на ЦИА ми рече дека вие имате значајни способности. Умеете да шармирате луѓе и тоа ви успева. На некој начин ги заведувате.

– Па ако тоа ви го рекле од ЦИА, веројатно е така.

Секој политичар во светот би ви позавидел на рејтингот што го имаме во Русија. Зошто сте толку популарни?

– Постои нешто што мене и граѓаните на Русија не обединува, имаме нешто заедничко а тоа е – љубовта кон татковината.

По повод одбележувањето на седумдесетгодишнината од крајот на Втората светска војна, кога се сеќававте на жртвите кои Русија ги претрпела, сите не допре следната сцена: стоевте со солзи во очите држејќи ја сликата на Вашиот татко.

– Да, мојата фамилија претрпе сериозни загуби за време на Втората светска војна. Тоа е вистина. Русија генерално претрпе големи загуби. Се разбира, ние тоа не можеме и не смееме да го заборавиме за ништо слично да не се повтори во иднината.

Исто така рековте дека најстрашната трагедии на минатиот век беше распаѓањето на Советскиот Сојуз. Некои луѓе мислат дека вие сакате да ја обновите сферата на влијание која Русија ја заслужува поради врските што постоеле сите овие години.

– Нас цело време не сомничат за некакви амбиции. Јас навистина реков дека распаѓањето на СССР го сметам за огромна трагедија на 20 век. Пред се затоа што во еден момент 25 милиони Руси се најдоа надвор од границите на Руската Федерација. Се испостави дека Русите се најголемата поделена нација во светот денес.

Многумина во Русија ве критикуваат, велат дека Русија е повеќе автократска отколку што е демократска. Политичката опозиција и новинари се во руските затвори, ги убиваат.

– Во однос на трагичните работи како што е смртта на луѓето, па и на новинарите – за жал, тоа се случува во сите земји на светот. Но ако тоа се случи кај нас, ние правиме се виновниците да се пронајдат, да се разоткријат и казнат.И понатаму ќе работиме на подобрување на нашиот политички систем за обичниот човек да  почувствува дека влијае на животот на државата и општеството, и за властите да чувствуваат одговорност пред народот.

Дозволете да Ве прашам што мислите за американскиот претседател Барак Обама?

– Јас не мислам дека имам право да давам оцени за претседателот на САД. Тоа е работа на американскиот народ.

Што мислите, дали тој ја гледа Русија како рамноправна, ве смета ли Вас за рамноправен?

– Прашајте го него, па тој е ваш претседател. Како јас можам да знам што тој мисли?

Дали луѓето во Русија ви се плашат?

– Мислам дека не се плашат. Тргнувам од тоа дека повеќето луѓе ми веруваат, штом за мене гласаат на изборите. И тоа е најважно.

Како што знаете, некои Ве нарекуваат цар. Дали тој назив Ви прилега?

– Не. Не е важно како те викаат. Важно е што ти сам мислиш за тоа што си должен да го сработиш во интерес на земјата која ти доверила такво место, таква позиција како што е шеф на руската држава.

Локално.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1