Видео: Радио бранови од друга галаксија ги збунуваат научниците


Неочекуван сноп од радио бранови се појави од никаде, а потоа исчезна. Таканаречениот Лоримеров сноп пшрв пат е забележан во 2007 година и од тогаш ги збунува научниците.

ALMA-teleskop-1024x768„Во прашање е случка без преседан“ изјави Данкан Лоример, астрофизичар кој прв го забележал ова открите. Денес тој сноп не е единствен, уште четири такви снопа се забележани од 2007 до денес.

„Мора многу долго да ја набљудувате вселената за да ги забележите сноповите. Единствена причина поради која ги гледаме е поради тоа што доволно догло трагавме“ тврди Ден Тортон кој ги набљудувал континуирано овие свежи снопови.

Причина за нивната краткотрајност (неколку милисекунди) се уште е непознат, но истражувачите мислат дека во целата приказна е вмешан некое „експлозивно случување“ бидејќи сноповите се појавуваат само еднаш без повторувања.
Тортон смета дека на некои бранови би им требало речиси половина од постоењето на универзумот за да стигнат до нас. Научниците мислат дека овие бранови може да ни дадат повеќе информации за претходните и за нас непознати периоди во универзумот и начинот на кој се развивал.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1