Жени баталете диети – Истражување вели салото на стомакот ги чува коските кај жените


Жените со изразено стомаче имаат посилни коски во однос на оние жени чие тело е совршено припиено, тврдат австралиски истражувачи од Институтот за медицински истражувања „Гарван“ во Сиднеј.

stomak_1373232241_670x0По петгодишно истражување научниците дошле до заклучок дека поголемото стомаче ги штити коските на жените, но не и на мажите.

Истражувањето направено на 1.000 полнички мажи и жени на возраст над 50 години покажало дека жените рамномерно здебелени и со повеќе килограми имаат помалку шанси да скршат коска отколку мажите.

Според едно истражување причина за силните коски се крие во тоа што тие стануваат посилни поради тоа што подолго време носат тежина на себе, а според друго, многу поприфатливо е дека жените кои имаат сало околу половината имаат поголемо ниво на хормонот естроген кој влијае на квалитетот на коските.

Ваквото толкување воедно дава и одговор зошто на подебелите луѓе поретко им се кршат коските. Меѓутоа без оглед на оваа предност, жените со повеќе килограми треба да внимаваат на искхраната бидејќи вишокот килограми не се добри за здравјето.

Share Button
Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1