Видео: Репортерка од Кина се врзала за да не ја одвее тајфун додека известува


Репортерите низ целиот свет се принудени да известуваат од секакви временски неприлики и природни непогоди, што значи дека мораат да стојат на олуи, додека врни дожд. Сепак една новинарка од Кина зачекорила чекор понапред. Се врзала за половината со цел да се заштити да не ја одвее тајфунот Хаикуи додека известувала за него.

Репортерката применила драстични мерки. Цело време додека известувала гледала во камера и зборувала, додека ветрот и дождот беснееле околу неа.

Во еден момент морала да седне, бидејќи ветрот бил премногу силен, а по завршувањето на извештајот добила помош од колегите за да се тргне од улица.

Погледнете како изгледало тоа!

 

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1