Во аптека ќе може да се набави контрацептивна пилула за мажи


Американски научници откриле молекула, позната како JQ1, што ги прави мажите неплодни, без да се намали нивната сексуална желба.


Додека машката популација е воодушевена од објавената вест дека  научниците, се се поблиску до откривање на првата контрацептивна пилула за мажи, подобро би било да останат смирени и трпеливи, бидејќи ќе бидат потребни најмалку пет години за таканаречената “пилула за мажи“ се најде на полиците во аптеките ширум светот.

Американски научници откриле молекула, позната како JQ1, што ги прави мажите неплодни, без да се намали нивната сексуална желба.

Една студија објавена во американско списание, го објаснува  влијанието на “лекот“ врз легло од глувци.
На глувците на кои им бил вбризган “лекот“ кој ја содржел молекулата JQ1 станале неплодни. Кога научниците, на глувците ќе престанеле да им даваат од оваа молекула, животинчињата повторно можеле да создадат свои поколенија.
-Ова е еден голем чекор кон создавање на контрацептивни средства за мажи. Ова е голем напредок за истражувањето, вели  Moira O’Bryan од универзитетот Монаш.

Share Button

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1